Кошаркарите на Барселона вечерва во кошаркарското Ел Класико го победија Реал Мадрид на домашен паркет со 86:69 во рамките на 10. коло од ACB лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако овој натпревар беше изедначен во текот на трите четвртини, сепак домашната екипа направи одлична серија во последна четвртина, која ја доби со 23:10, која беше пресудна по конечниот резултат.
Барселона сега има скор од 9-1 после десет одиграни натпревари, додека Реал остана на осум победи, а ова му беше вториот пораз.