Легендарниот шпански голман би можел да го промени клубот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во својата 20 годишна кариера Икер Касиљас настапуваше само за Реал Мадрид и Порто, а според најавите на медиумите сега би можел како многу ветерани да се проба во САД.
Реномираниот „АС“ тврди дека Чикаго Фајр размислува за ангажман на Икер. Трансферот би можел да биде реализиран на крајот од сезоната кога воедно му истекува и договорот со Порто.
Наводно и во Порто сметаат дека е паметно на крајот од сезоната да го заменат Икер со некој помлад голман.
Касиљас во својата голема кариера практично освои се што може да се освои фудбалот. Со Реал Мадрид освои пет титули во првенството, два шпански купа, четири Суперкупови и три пати триумфираше во Лигата на шампионите, два пати во европскиот Суперкуп.
Со селекцијата на Шпанија на два пати се искачуваше на европскиот трон во 2008 и 2012 година, а го освои и Светското првенство во 2010 година.
https://www.youtube.com/watch?v=4Q7xIMQiLu4