После краткиот престој на клупата на Реал Мадрид, Јулиен Лопетеги не брза со пронаоѓањето нов ангажман.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Лопетеги на „Сантијаго Бернабеу“ како тренер помина нешто помалку од четири месеци во кои имаше катастрофални резултати со „кралевите“.
Имено, странските медиуми објавија дека 52 годишниот Лопетеги е главен кандидат за превземањето на репрезентацијата на САД која во овој момент е предводен од Дав Сарчан, но тој е само привремено решение.
Како што е добро познато, водењето репрезентација за Лопетеги нема да биде некоја новост со оглед на тоа дека пред Реал Мадрид ја водеше и селекцијата на Шпанија.
Наводно, првиот впечаток на Лопетеги од понудата бил позитивен и наскоро се очекува договорот да биде постигнат.