После вчерашниот натпревар во Лигата на Нации против Англија потврдена е и слабата точка на репрезентацијата на Хрватска.
Од кога е на клупата на Хрватска, Златко Далиќ (19 натпревари) оваа селекција прими девет погодоци од – прекини, што во хрватските медиуми се смета за премногу.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ако се погледне статистиката, прекините се навистина болна точка за Хрватите. Без разлика дали е: директен гол од слободен удар (Трипиер СП), гол после уфрлување од аут (Данска СП), нафрлување од слободен (против Русија и Франција СП)…
Шест натпревари во низа Хрватска прима голови од прекини (Данска Русија, Англија на СП, Франција во финалето, Португалија на пријателски натпревари и Шпанија на гости). Потоа следуваше „мала пауза“ против Англија (0:0), за на „Вембли“ да примат дури два – еден после уфрлување од аут, а вториот после нафрлување од слободен удар.
Навистина е премногу за се да биде случајност, Златко Далиќ ќе мора да поработи со своите избраници на прекините.