Дома Фудбал Репрезентации Бекот на Хрватска: Два гола претходно дадов во Германија…Си постигнав автогол, па дадов гол!

Бекот на Хрватска: Два гола претходно дадов во Германија…Си постигнав автогол, па дадов гол!

Репрезентацијата на Хрватска вчера со пресврт и резултат 3:2 славеше во Лигата на Нации во натпреварот против Шпанија.

Вистински херој на Хрватите беше Тин Једвај кој беше стрелец на два гола. Во првото полувреме не видовме погодоци, но затоа во вторите 45 минути следуваа пет.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Интересно е што стрелецот на двата гола, Једвај е бек и од него не се очекуваат премногу голови.

После натпреварот го запрашаа Једвај кога последен пат постигнал два гола на еден натпревар, а тој во таа прилика се пошегува на своја сметка.

„Кога постигна два гола на еден натпревар последен пат? Па…Во Германија, тогаш си постигнав автогол, па дадов гол! Навистина сум среќен и горд, овие два погодоци многу ми значат“, изјави Једвај.

https://www.youtube.com/watch?v=M-ggFW0A5e0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Хит во Италија: Голман одбрани четири пенали и беше херој на својот тим (Видео)

По 120 минути игра, мечот помеѓу Пиза и Чезена заврши без голови, па победникот се решаваш…