Напаѓачот од кого навивачите на Реал Мадрид имаат големи очекувања, Марко Асенсио даде една интересна изјава.
Реал Мадрид на стартот од сезоната под водство на Лопетеги играше навистина лошо, но сега кога ги превзема Сантијаго Солари работите започнаа да се подобруваат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Марко Асенсио сега на некој начин ја префрли вината на кризата кај неговите постари соиграчи.
„Не сум јас одговорен за кризата во Реал. Не треба да јас бидам лидерот. Во клубот има постари и поискусни играчи со подобар статус од мене. Тоа треба да го направат тие, а не јас“, изјави Асенсио.
Шпанецот порача и дека тимот не заслужува толку остри критики од јавноста.
„Јасно ми е како функционира новинарството и не ми паѓа на памет сите новинари да ги ставам во исти кош, но некои од текстовите кои ги прочитав беа навистина навредливи“, заклучи 22 годишнниот фудбалер.