Дома Фудбал Италија Прекината серијата на Интер: „Нероаѕурите“ на колена пред Аталанта (видео)

Прекината серијата на Интер: „Нероаѕурите“ на колена пред Аталанта (видео)

Тимот на Спалети ја прекина серијата од седум победи во низа и доживеа непријатен пораз на гостувањето кај Аталанта со 4:1.

Домаќините одлично го отворија мечот и дојдоа во водство преку Хетебор уште во 9-та минута. Интер не личеше на себе во првото полувреме и само одличниот Хандановиќ ги спаси од дебакл, бидејќи Аталанта создаде најмалку пет чисти шанси.

Казната за промашувањата стигна на самиот старт на второто полувреме, кога Икарди беше прецизен од белата точка во 47-та минута, но тоа беше се што видовме од „нероаѕурите“.

Во 62-та минута минута Манчини повторно ја доведе Аталанта во водство, а во последните минути домаќините со уште два гола комплетно го декласираа тимот на Спалети.

https://youtu.be/BOKJrl863-8

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Потрошија повеќе од 360 милиони евра, а не знаат за гол – буквално!

Тотенхем летово потроши вистинско богатство на засилувања, а по четири кола од Премиер лиг…