Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри после победата над Наполи во Купот изјави дека не може да се суди за играта на неговиот тим само на основа на пеналите.
Наполи синоќа поведе во Торино со голот на Каљехон, но подоцна Јувентус доби два пенали и направи конмплетен пресврт со резултат 3:1.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во првото полувреме имавме погрешен систем, направивме многу грешки во пасовите, но имавме голем број шанси. Од техничка страна првото полувреме беше лошо, а второто многу подобро. Ова е тимска победа, се вративме, иако губевме. Наполи е секогаш опасен, добро го завршивме натпреварот и ова е голема победа“, изјави Алегри, а потоа беше запрашан да го коментира судењето.
„Не сакам да давам никакво мислење за судиите. Од таму од каде што гледав јас, изгледаше дека двата пенали се правилно досудени. Мислам дека за нашата игра не треба да се суди на освона на пеналите. Ние сме многу повеќе од тоа“, заклучи Алегри.