Напаѓачот на Атлетико Мадрид за реномираниот „ЕСПН“ откри каде би сакал да ја заврши својата кариера.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Гризман минатото лето беше блиску до трансфер во Барселона, но на крајот сепак Атлетико успеа да го убеди и Французинот потпиша нов договор со „јорганџиите“.
Сепак, тој кариерата сака да ја заврши на друго место – во МЛС лигата.
„Сакам да играм во МЛС. Навистина би сакал да ја завршам кариерата таму. Луѓето во Америка имаат навистина поинакво гледиште од останатите. Ја сакам НБА и шоуто кое владее таму, ми се допаѓа и НФЛ. Ја сакам цела земја, најмногу поради тоа што никој не ме препознава кога сум таму“, изјави освојувачот на Мундијалот со Франција.
Гризман има 27 години, а неговиот договор со Атлетико го врзува до 2023 година, па веројатно дури тогаш би можеле да очекуваме да го видиме на терените во САД.
https://www.youtube.com/watch?v=xu9jqGiFnxw