Дома Фудбал Лопетеги се огласи после отказот и упати порака до Реал и играчите!

Лопетеги се огласи после отказот и упати порака до Реал и играчите!

Вчера бордот на директори на Реал Мадрид реши да му врачи отказ на тренерот Јулен Лопетеги и на негово место привремено го назначи Сантиаго Солари за прв тренер.

Лопетеги на „кралското“ столче се задржа само 14 натпревари, а после серијата на слаби резултати, Реал Мадрид реши да му врачи отказ.

Шпанскиот стратег се огласи со соопштение и упати благодарност до играчите и до клубот што му дал можност да го води Реал Мадрид.

„Сакам да му се заблагодарам на раководството за добиената шанса да го водам Реал. Благодарност и до фудбалерите за нивниот труд и залагање. Благодарам и на останатите во клубот со кои соработував, исто така и до навивачите за поддршката. На Реал му посакувам успех во продолжение од сезоната“, изјави Лопетеги.

Реал Мадрид во моментов е на 9-та позиција на табелата со големо заостанување зад лидерот Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Уругваецот воодушеви во Ливерпул, Барселона ќе заработи 55 милиони евра

Уругвајскиот дефанзивец Роналд Араухо пред неколку месеци пристигна во Ливерпул на позајми…