Дома Фудбал Официјално: Лопетеги не е повеќе тренер на Реал Мадрид!

Официјално: Лопетеги не е повеќе тренер на Реал Мадрид!

Тоа што го најавуваа сите шпански медиуми, сега доби официјална потврда. Реал Мадрид му врачи отказ на тренерот Јулен Лопетеги.

Лопетеги ова лето го презеде кормилото на „кралскиот“ клуб, но имаше катастрофален старт на сезоната. Реал Мадрид моментално се наоѓа на 9-то место во Примера, што е неприфатливо.

Капката која ја прелеа чашата беше дебаклот кој Реал го доживеа вчера во „Ел Класико“, па претседателот Перез реши денес да му врачи отказ на Лопетеги.

Реал му се заблагодари на Лопетеги, а на клупата како привремено решение ќе седне Сантиаго Солари, кој беше тренер на вториот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…