Италијанските медиуми денес откриваат нови детали од „случајот Бонучи“ кој само потврдуваат дека расправијата помеѓу дефанзивецот и тренерот Алегри воопшто не била наивна.
За време на дуелот со Палермо меѓу тренерот и дефанзивецот дојде до конфликт, кој додатно ескалирал во соблекувалната после мечот.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Газета Дело Спорт“ тврди дека малку недостасувало да дојде до физичка пресметка меѓу тренерот и стоперот или поточно морале да реагираат играчите и да ги разделат. Истата вечер Алегри му се јавил на генералниот директор Бепе Марота и побарал играчот да биде казнет и воедно се заканил дека ќе си замине ако тоа на се случи.
Поради тоа раководството се согласило парично да го казни Бонучи и застана позади одлуката на тренерот дефанзивецот да биде одстранет од тимот за мечот со Порто.
Денес Алегри пред медиумите изјави дека „случајот Бонучи“ е затворен и дека играчот е вратен во тимот.