Дома Фудбал Необичен потег: Француски клуб третиот дрес му го посвети на Реал Мадрид

Необичен потег: Француски клуб третиот дрес му го посвети на Реал Мадрид

Францускиот прволигаш Ремс денеска го претстави својот трет дрес, а тој е посветен на актуелниот европски шампион Реал Мадрид.

Ремс во 1959 година играше финале во Купот на шампионите против „кралевите“ и беше поразен со 0-2, но овој натпревар кој се одигра во Штутгарт ќе остане запишан во историјата на францускиот клуб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наредното лето ќе се прослават 60 години од споменатото финале, а во таа чест Ремс реши третиот дрес да го дизајнира во боите на Реал и на овој начин да им се заблагодари на своите „вечни пријатели“.

Ремс во новиот дрес ќе настапи уште во недела во француското првенство против Рен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: Конте и Наполи се договорија

Како што пренесуваат италијанските медиуми Антонио Конте од следната сезона ќе седне на ко…