Актуелниот европски шампион конечно најде излез од кризата и синоќа оствари многу важна победа во Лигата на шампиони.
Реал Мадрид синоќа последните минути ги одигра со десет фудбалери бидејќи Марсело го напушти теренот поради повреда, а Лопетеги немаше повеќе право на замена.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Сега „кралевите“ треперат дали Бразилецот ќе биде спремен за најважниот дуел сезонава, против Барселона во недела.
„Мундо Депортиво“ од извори блиски до Реал Мадрид дознава дека Марсело добол силен удар, но дека не станува збор за тешка повреда.
Тоа укажува дека Бразилецот би требало да биде спремен за „Ел Класико“, но се уште не е сигурно, па треба да се почека во наредните два дена.