Дома Трансфер зона Гвардиола спреми понуда која не се одбива – на „Етихад“ доаѓа холандска ѕвезда

Гвардиола спреми понуда која не се одбива – на „Етихад“ доаѓа холандска ѕвезда

guardiola

Како што пренесуваат англиските медиуми, Манчестер Сити планира следното лето да ја доведе младата ѕвезда на Ајакс, Френки Де Јонг.

Овој талентиран фудблаер, кој на стартот на својата кариера го споредуваа со Франц Бекенбауер, бидејќи знае да одговори и на задачите во срцето на одбраната, се најде на радарот на многу клубови, а неговото име најчесто се поврзува со Барселона.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сепак, јасно е дека на Сити му е потребен централен играч за врска, минатото лето на сите начини се обидуваа да го доведат Жоргињо од Наполи, кој на крајот поради Маурицио Сари го одбра Челзи. На крајот кренаа раце од ангажирањето на играчот за врска, а изгледа дека и тековната сезона ќе ја завршат со моменталниот состав, додека на лето ќе се фокусираат на ангажманот на младиот Де Јонг.

Се претпоставува дека Ајакс за услугите на фудбалерот ќе бара околу 80 милиони евра, па Сити на тој начин ќе го сруши својот трансфер рекорд, кој го поставија минатото лето, кога го ангажираа Ријад Марез за 68 милиони евра. Единствен начин Гвардиола да се одлучи да го ангажира фудбалерот во јануари е да се повреди некој од играчите, најкритични се позициите лев бек и централен играч за врска, а познато е дека на радарот на клубот е и фудбалерот на Вулверхемптон, Рубен Невеш.

Сепак, доколку се оди по планот, „Граѓаните“ со тековниот состав ќе ја завршат сезоната, а потоа на сите начини ќе се обидат да ја победат Барса и на „Етихад“ да го доведат младиот Де Јонг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…