Раководството на Барселона во зимскиот преоден рок ќе се обиде да го доведе во своите редови штоперот на Наполи, Калиду Кулибали.
Доколку понудата биде прифатена Кулибали ќе стане најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, бидејќи Каталонците се спремни да понудат 100 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона се наоѓа во големи проблеми со дефанзивната линија со оглед на фактот дека тешко повредени се Самуел Умити и Томас Вермален, па приоритет во јануари е да се доведе стопер.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Кулибали е најголемата желба на Каталонците кои се спремни да испратат понуда која не се одбива.
Наполи во летниот преоден рок одби понуда од Премиер лигата тешка 60 милиони евра за Сенегалецот, но според најавите Барселона е спремна да понуди неверојатни 100 милиони евра.
Доколку се реализира овој трансфер тогаш Кулибали ќе стане најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.
https://youtu.be/bEbxUAsOueQ