Ѕвездата на Милан, Сусо пред големото градско дерби откри дека два пати во изминатите две години ја одбил понудата на Интер.
Сусо и оваа сезона блеска во дресот на Милан, а откри дека постоела конкретна можност ова лето да се пресели во редовите на градскиот ривал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ова лето добив конкретна понуда од Интер. Разговаравме со Мирабели, но јас на крајот одлучив да останам во Милан бидејќи сум многу среќен овде. И минатото лето исто така ме сакаше Интер, но воопшто не размислував. Би играл за друг италијански тим само ако Милан ме избрка“, изјави Сусо.
„Јас сум навистина многу среќен во Милан. Мислам дека сега го имаме најсилниот тим откако сум јас тука. Нашата цел е пласман во ЛШ, за мене е сон да играм во тоа натпреварување со дресот на Милан“, додаде Шпанецот, а потоа проговори за престојното дерби.
„Интер е фаворит. Но миланското дерби е како партија покер, никогаш не знаеш каков адут крие противникот. Ние секако ќе излеземе на терен за да победиме“.