Премиерлигашот Арсенал е последниот клуб се вклучи во траката за потписот на еден од најголемите италијански таленти, Николо Барела.
Веќе е јасно дека „топџиите“ ќе останат без Арон Рамзи кој најави заминување од „Емирати“, па веќе ја почнаа потрагата по негова замена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
21-годишниот играч за врска на Каљари е идентификуван како идеална замена за Велшанецот, па Арсенал сака да го донесе на „Емирати“.
Барела игра фантастично оваа сезона и веќе дебитираше за италијанската репрезентација, а интерес за него покажуваат уште Милан, Интер, Јувентус, Рома, Челзи и Ливерпул.
Каљари е спремен да се раздели со својата ѕвезда, но за сума од 50 милиони евра, па останува да видиме дали некој од споменатите клубови е спремен да ја плати таа сума.
? Arsenal target Barella proud to be linked with the club. #AFC https://t.co/UjQXrlaSzq pic.twitter.com/g3cEC3PWKl
— Read Arsenal (@ReadArsenalFC) October 17, 2018