Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне сака да го донесе во своите редови Цеск Фабрегас од Челзи во зимскиот преоден рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фабрегас станува слободен агент на крајот на сезоната, а неговата иднина на „Стенфорд Бриџ“ е неизвесна. Притоа, Шпанецот добива мала минутажа оваа сезона и е спремен да ја промени средината.
Атлетико внимателно ја следи ситуацијата и е спремен да го донесе плејмејкерот на „Ванда Метрополитано“ уште во јануари.
Челзи се уште не му предложил нов договор и е спремен да го пушти Фабрегас во јануари, доколку пристигне соодветна понуда.
Интерес за Шпанецот покажуваат неколку европски гиганти, но медиумите тврдат дека Атлетико е во пол позиција за неговиот потпис.
https://youtu.be/7n9iXBSMkSc