Дома Фудбал Репрезентации ВИДЕО: Видовте ли каков пенал и досуди Мажиќ на Франција против Германија?

ВИДЕО: Видовте ли каков пенал и досуди Мажиќ на Франција против Германија?

Српскиот судија Милорад Мажиќ во натпреварот помеѓу Франција и Германија ја направи една од своите најголеми грешки во кариерата.

Мажиќ важи за еден од најдобрите судии во светот, но јасно е дека вчера погреши кога на десетина минути пред крајот покажа на белата точка.

Блес Матуиди падна во казнетиот простор после дуелот со Матс Хумелс, а Мажиќ веднаш покажа на белата точка.

Повторената снимка покажа дека Хумелс не го ни допре Матуиди. Францускиот играч за врска го нагази Германецот и падна, а Мажиќ досуди пенал кој во гол го претвори Антоан Гризман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ливерпул подготвува зимска „експлозија“

Ливерпул веќе заврши голема работа со Интер, но се чини дека разговорите помеѓу овие два г…