Дома Фудбал Италија Беше за очекување: Дерби „Дела Мадонина“ ќе се игра во Кина!

Беше за очекување: Дерби „Дела Мадонина“ ќе се игра во Кина!

Следната недела Милан и официјално ќе премине во рацете на кинески конзорциум, додека градскиот ривал Интер скоро една година има кинески сопственици, односно компанијата „Сунинг“.

Ова е историски момент за италијанскиот фудбал, бидејќи два од трите најголеми клуба на Апенините завршија во кинески раце.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Денес италијанските медиуми пренесуваат дека двата градски ривали веќе договориле пријателски натпревар кој ќе се одигра во Кина, најверојатно на 29-ти јули.

Милан и Интер се меѓу најпопуларните европски клубови во Кина и имаат многу фанови на Далечниот Исток, а последен пат играа во Кина во август 2011 година во рамките на италијанскиот Суперкуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Делии направија спектакл сред ноќ на „Маракана“ (Видео)

По репрезентативниот фудбал кој не остави најдобар впечаток кога е во прашање Србија, фоку…