Капитенот на Реал Мадрид и шпанската репрезентација зборуваше за медиумите пред вечерашниот дуел со Англија во Лигата на нации.
Рамос на теренот ќе води битка со Хари Кејн, фантастичниот напаѓач на Тотенхем кој веќе долго време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дефанзивецот смета дека Кејн би бил идеален фудбалер за шпанската лига, особено ако го облече дресот на Реал Мадрид.
„Кејн е и физички и ментално фантастичен напаѓач, а исто така и технички. Секогаш може да ве изненади со нешто ново, но нема нема бидејќи добро се подготвив за него“, истакна Рамос и додаде.
„Таков напаѓач идеално би се вклопил во шпансата лига, мислам дека Кејн е идеален за играње во Шпанија“.
Хари Кејн за Тотенхем до сега има одиграно 223 натпревари на кои постигна 146 гола.