Најбрзиот човек на светот, Јамајканецот, Усаин Болт откако замина од атлетиката се обидува да започне фудбалска во овој момент игра во Австралија.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Болт во пријателски натпревар за Централ Кост Маринерс постигна два погодоци, но неговото задоволство малку беше нарушено после натпреварот кога се појавила анти-допинг агенцијата која побарала примероци од крвта и урината на поранешниот спринтер.
„Како е можно да бараат тест кога се уште не сум потпишал професионален договор, значи се уште не сум професионалец. И покрај сите допинг-тестови, сега бараат повторно да се тестирам. Одговорено ми беше кратко – мораш“, откри Болт преку својот Инстаграм профил.
Пензионираниот спринтер е рекорд на 100, 200 и 4×100 метри сега сака да стане професионален фудбалер, пред Централ Коаст Маринерс, тренираше со Борусија Дортмунд, јужноафриканскиот Сундовс и норвешкиот Стромгест.