Голгетерот на Рома, Един Џеко широко ја отвори вратата за евентуално враќање во Премиер лигата.
Босанецот остави голема трага во историјата на Манчестер Сити со освоени две титули во Англија, а притоа постигна 72 гола во 189 натпревари за „граѓаните“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во јанури Џеко силно беше поврзуван со трансфер во Челзи, но сепак реши да остане во Рома, а сега тврди дека би сакал да се врати на Островот.
„Поминав прекрасни четири и пол години во Англија. Се насладував на секоја минута во секој изигран меч. Можеби е касно за враќање во Премиер лигата, но никогаш не се знае. Во моментов сум среќен во Рома, но Премиер лигата е нешто посебно“, истакна Џеко.
#Roma, #Dzeko riapre alla #Premier? "Tardi per tornare, ma non si sa mai…" https://t.co/GAGhRJHAfQ #serieA #roma pic.twitter.com/uCAcMsyna5
— LaGazzettadelloSport (@Gazzetta_it) October 15, 2018