Како што е веќе добро познато Кристиано Роналдо е обвинет за силување на поранешната манекенка Кетрин Мајорга во 2009 година во Лас Вегас.
Мајорга излезе во јавноста со тешки обвинувања кон еден од најдобрите фудбалери во светот, а полицијата во Лас Вегас повторно го отвори овој случај.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Откако ме силуваше, се извини. Клекна пред мене и ми кажа, 99% сум добар човек, но не знам што е со тој 1%“, изјави Мајорга за германски „Шпигел“.
Американската манекенка во 2010 година ја прифатила понудата од Роналдо да и плати 375.000 евра за да молчи, но осум години подоцна таа сака нејзиниот глас да биде слушнат.
Ова обвинение би можело скапо да го чини Роналдо. Американската компанија „Најк“ изрази голема загриженост поради се што се случува и го чека развојот на ситуацијата.
„Длабоко сме загрижени поради обвиненијата и внимателно го следиме развојот на ситуацијата“, порачаа од „Најк“, иначе Роналдо со оваа компанија соработува уште од 2013 година.
Исто така од „ЕА Спортс“ изразија загриженеост бидејќи Роналдо се наоѓа на насловната на мегапопуларната ФИФА 19.
„Загрижени сме поради обвиненијата против Роналдо. Ја следиме ситуацијата бидејќи тој е еден од спортистите кои се наши заштитни лица и очекуваме да се однесува во согласност со вредностите кои ги почитва ЕА“.
„Најк“ и „ЕА Спортс“ го чекаат расплетот. Ако Роналдо биде прогласен за виновен, извесно е дека ќе остане без богатите договори, а компаниите имаат право на такво нешто бидејќи нивниот углед би бил нарушен од заштитното лице на брендот.
Прашање е како се ќе заврши, но полека станува јасно дека работата е сериозна.