Дома Фудбал Италија Кутроне: Тренерот одлучува кој ќе игра, јас можам да учам од Игуаин

Кутроне: Тренерот одлучува кој ќе игра, јас можам да учам од Игуаин

Mилан вчера со пресврт (3:1) стигна до победа во натпреварот од Лигата на Европа против Олимпијакос.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Росонерите“ го пречекаа тимот на Олимпијакос и гостите имаа предност се до 70-тата минута, Милан направи пресврт со головите на Кутроне (2) и Игуаин.

Гатузо незадоволен бидејќи неговиот промашуваше одлучи во игра да го стави Патрик Кутроне кој потоа на одличен начин му возврати.

„Патрик играше против Емполи, тој не е 100% спремен и ние сме му благодарни поради начинот на кој се труди. Задоволен сум од резултатот, но ние можеме и подобро. Направивме многу грешки на средината од теренот“, изјави тренерот на Милан.

Потоа зборуваше самиот Кутроне.

„Јас секогаш сакам да постигнам гол. Игравме на домашен терен и се мачевме, потребни ни беа три бода од овој натпревар и мислам дека ги заслуживме. Тренерот одлучува кој ќе игра, јас можам многу да научам од Игуаин, како на тренинзите, така на натпреварите“, изјави Кутроне.

https://www.youtube.com/watch?v=MDlDIzkwEis

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сопственикот на Милан го одобрил трансферниот план на Алегри

Сопственикот на Милан, Џери Кардинале, дал зелено светло за летната трансферна селекција к…