Дома Фудбал Италија Дибала вчера се разигра и погоди во еден од најтажните денови од неговиот живот…

Дибала вчера се разигра и погоди во еден од најтажните денови од неговиот живот…

Начинот на кој ги слави головите е познат со години, но овој пат имаше и солзи…

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Паоло Дибала секогаш покажува кон небото кога ќе постигне гол, во прашање е посвета за неговиот татко.

Аргентинецот долго постеше, беше под огромен притисок, но вчера против Болоња одигра одличен натпревар. Го отвори ривалот, играше одлично и неговата форма се подигна во вистински момент. Во сабота Јувентус го очекува натпревар против Наполи.

Меѓутоа вчера видовме и солзи кога Дибала го постигна погодокот. За него вчера беше тажна годишнина, неговиот татко почина на тој пред осум години. Тоа било голем удар за детето кое под влијание на својот татко го сака фудбал и единствен од тројцата браќа кој успеа да стане професионален фудбалер.

Кога неговиот татко почина Дибала имал само 14 години.

„Во тој момент сакаше да се откаже од своите соништа, му беше навистина тешко, едвај го убедивме да остане во тимот“, откри неговиот тогашен тренер Обрегон.

Тој додаде и дека таткото на Дибала кој бил Полјак кој емигрирал од Европа кога веќе бил болен и му оставил аманет да се грижи за Паоло и никогаш да не му дозволи да ја изгуби мотивацијата за игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал потврди за Фран Гарсија

Откако претходно во текот на денот неколку извори објавија дека Фран Гарсија ќе премине во…