Дома Фудбал Мбапе е на големо исмејуван по неговото деби за Реал во Ла Лига

Мбапе е на големо исмејуван по неговото деби за Реал во Ла Лига

Долгоочекуваниот прв настап на Килијан Мбапе за Реал во Ла Лига заврши со РАЗОЧАРУВАЊЕ. Актуелниот шампион на Шпанија и Европа со само бод ја започна одбраната на домашната титула против скромната Мајорка (1:1) која минатата сезона заврши на 15. место. Посебно лош беше оној од кого најмногу се очекува и кој е најмногу платен.

Килијан Мбапе пред два месеци конечно заврши во Мадрид, откако Реал седум години се обидуваше да го доведе. Дојде бесплатно од ПСЖ, но Реал му плаќа цело богатство. Неговата годишна плата е 15 милиони евра без премии. Покрај тоа, тој добива 20 отсто од фантастичната заработка на Реал од имиџ правата на играчот. Но, најраскошниот дел од договорот е бонусот за потпишување. Мбапе по овој основ добива 125 милиони евра од Реал.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Навивачите на Реал беа особено разoчарани за дебито на Мбапе во лигата. Наместо хит, Мбапе беше за потсмев на овој меч.

Неговата немоќ и неефикасност резултираа со вирални видеа и објави на социјалните мрежи.

За исмејување на Мбапе се користат Шрек, Меџик Џонсон, Хоселу и анонимен дебел човек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета брутално искрен по шокантниот пораз: Оваа шлаканица ги заболи фудбалерите!

Фудбалерите на Арсенал денеска претрпеа неочекуван пораз на својот терен од Борнмут, а мен…