Maкедонскиот најдобар тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на ИТФ фјучерс турнирот во Дубровник.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ивановски беше поразен во второто коло на турнирот од 35 годишниот Алдин Шеткиќ од Босна и Херцеговина со 2:0 во сетови (7:6 и 6:2).
Првиот сет донесе голема борба и траеше дури 62 минути, меѓутоа ниту еден тенисер не доби брејк-шанса, па сетот се одлучуваше во тај-брејк. Шеткиќ таму беше поконцентриран и го со 7.5 го освои сетот.
Во вториот сет босанскиот тенисер едноставно беше многу подобар и рутински стигна до 2:0 која му обезбеди победа.
Ивановски ќе остане на турнирот во Дубровник во конкуренција на двојки, каде што во тандем со Лука Микрут треба да игра против двојката Баничевиќ/Тумбас Кајго.