Дома Останати Тенис 35-годишен ветеран го елиминираше Калин од турнирот во Дубровник

35-годишен ветеран го елиминираше Калин од турнирот во Дубровник

Maкедонскиот најдобар тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на ИТФ фјучерс турнирот во Дубровник.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ивановски беше поразен во второто коло на турнирот од 35 годишниот Алдин Шеткиќ од Босна и Херцеговина со 2:0 во сетови (7:6 и 6:2).

Првиот сет донесе голема борба и траеше дури 62 минути, меѓутоа ниту еден тенисер не доби брејк-шанса, па сетот се одлучуваше во тај-брејк. Шеткиќ таму беше поконцентриран и го со 7.5 го освои сетот.

Во вториот сет босанскиот тенисер едноставно беше многу подобар и рутински стигна до 2:0 која му обезбеди победа.

Ивановски ќе остане на турнирот во Дубровник во конкуренција на двојки, каде што во тандем со Лука Микрут треба да игра против двојката Баничевиќ/Тумбас Кајго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Македонските тенисери се пласираа во Втората светска група!

Машката тениска репрезентација на Македонија успешно ја оствари својата цел на турнирот од…