Јувентус се вклучи во битката за потписот на ѕвездата на Рома, Николо Заниоло, пренесува „Газета дело Спорт“.
„Бјанконерите“ сакаат да ја засилат крилната позиција, а поради фактот што се комплицира трансферот на Ди Марија, сега ќе се насочат кон Заниоло.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Рома е спремна да го продаде Италијанецот, но за неговата слобода бара 50 милиони евра, сума која Јувентус сака да ја намали така што ќе вклучи некој свој играч.
Италијанските медиуми пренесуваат дека „бјанконерите“ спремаат прва понуда од 25 милиони евра плус еден играч, Артур или Мекени.
Рома првично сакаше само кеш за својата ѕвезда, но наводно е спремна да ја прифати понудата, бидејќи Артур е голема желба на Жозе Мурињо.
🚨 Juventus are prepared to offer Weston McKennie or Arthur + €25M to sign Nicolo Zaniolo from Roma.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 24, 2022
(Source: @Gazzetta_it) pic.twitter.com/COtS15J5JS