Раководството на Челзи продолжува да работи на трансферот на дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде, иако не успеа да го донесе во летниот преоден рок.
Францускиот репрезентативец има договор со шпанскиот клуб до 2024 година во кој има откупна клаузула од 68 милиони фунти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Се поизвесно е дека „сините“ на лето ќе останат без Рудигер, па Кунде ќе биде примарна трансфер цел. Самиот играч сака преселба во Премиер лигата и инсистира да се пресели во Челзи.
„ЕСПН“ тврди дека Челзи уште во јануари сака да го договори трансферот за 60 милиони евра така што дефанзивецот ќе остане во Севиља до крајот на сезоната.
🚨 Chelsea would like to complete the arrival of Jules Koundé this month! 🇫🇷
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 30, 2022
The idea would be to finalize the deal at €60m and loan him back to Sevilla for the rest of the season.
(Source: AS) pic.twitter.com/gJoAthIZjF