Дома Фудбал Италија Милан со ултиматум за Кеси – или потпис, или продажба

Милан со ултиматум за Кеси – или потпис, или продажба

Преговорите помеѓу Милан и Франк Кеси за продолжување на соработката се во застој, а „росонерите“ не сакаат да го загубат фудбалерот без обештетување.

Кеси влезе во последната година од договорот, но двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Росонерите“ му понудија плата од 6,5 милиони евра по сезона, но агентот на Кеси бара платата со бонуси да достигнува до 8 милиони евра.

Милан веќе го губи трпението и не сака да го загуби фудбалерот без обештетување, па веќе му поставиле ултиматум.

Доколку Кеси не стави потпис на нов договор до јануари ќе биде продаден во зимскиот преоден рок.

Интерес за играчот за врска покажуваат ПСЖ, Ливерпул и Атлетико Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн објави рекорден приход, претседателот ја задржа функцијата

Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен објави рекорден приход од речиси 1 милијарда ев…