Пред 24 години на денешен ден македонската фудбалска репрезентација го одигра првиот официјален натпревар, во Крањ против селекцијата на Словенија.
Првиот гол во дресот на Македонија го постигна Зоран Бошковски уште во 5-та минута од мечот, а потоа стрелци беа и Дарко Панчев, актуелниот тренер на Вардар, Чедомир Јаневски, како и Драган Канатларовски.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во стартниот состав на Македонија беа Горан Јовановски, Бобан Бабунски, Зоран Бошковски, Кире Грозданов, Чедомир Јаневски, Драган Канатларовски, Љупчо Марковски, Ванчо Мицевски, Зоран Мицевски, Илија Најдоски и Дарко Панчев.
Во играа влегоа и Неџмедин Мемеди и Сашо Милошевски. Прв македонски селектор беше легендарниот Андон Дончевски.