Дома Фудбал 2. мај 2009: Денот кога Барселона го понижи Реал среде „Бернабеу“ (ВИДЕО)

2. мај 2009: Денот кога Барселона го понижи Реал среде „Бернабеу“ (ВИДЕО)

Барселона и Реал Мадрид во претходните десетина година одиграа неколку фантастични натпревари.

На денешен ден пред 11 години Барселона му го нанесе еден од најтешките порази на Реал Мадрид. Каталонците беа фантастични на „Сантијаго Бернабеу“ и победија со неверојатни 2:6.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Но, ништо не најавуваше дека „кралевите“ така ќе бидат понижени на домашен терен кога Гонзало Игуаин во 14. минута погоди за 1:0. Само четири минути подоцна Тиери Анри го изедначи резултатот.

Веќе во 20. минута Барселона имаше 1:2. После корнерот највисок во шеснаесетникот беше Карлес Пујол кој погодува за пресврт на Барселона. Во првиот дел видовме уште еден гол и тоа повторно во мрежата на Касиљас, овој пат стрелец беше Лионел Меси.

Реал на почетокот на вториот дел успеа да намали на 2:3 со голот на Рамос, но домаќините потоа доживеаа целосен потоп. Анри погоди за 2:4, додека петтиот гол беше дело на Меси. Конечните 2:6 ги постави Пике во 82. минута.

Барселона на тој начин ја заокружи фантастичната сезона во која станаа шампиони на Шпанија и Европа и го освоија шпанскиот Куп. Победата на „Ел Класико“ за навивачите сигурно беше посебно слатка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Бразил домаќин на Мундијалот за жени во 2027 година

На 74. Конгрес на Светската фудбалска организација, ФИФА беше донесена одлука Светското пр…