Дома Македонски спорт Мак баскет 15-годишната Ања Начевска испиша историја во македонската кошарка!

15-годишната Ања Начевска испиша историја во македонската кошарка!

Кошаркарката на Вардар, Ања Начевска, родена на 24 мај, 2007 година, го имаше својот прв официјален натпревар за женската сениорска репрезентација во поразот против Белгија за викендот.

Со 15 години и неполни осум месеци, Начевска влезе во друтпвот како една од најмладите сениорски репрезентативки на Македонија.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


На средбата со силниот противник, Начевска одигра скоро четири минути, макар и без некој особен ефект, (имаше еден неуспешен обид за три поени) но дефинитивно останува запишана во историјата на македонската женска репрезентативна кошарка, како една од најмладите која запишала настап за сениорската репрезентација.

Неколку дена порано, на натпреварот со БиХ во Сараево, своите први минути во сениорскиот национален тим ги имаше уште една млада кошаркарка – Милица Николиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…