Манчестер Јунајтед е фокусиран на борбата за пласман во Топ 4, што ќе им обезбеди пласман на „црвените ѓаволи“ во Лигата на шампионите и следната сезона.
Без разлика каков ќе биде исходот на сезоната и дали Јунајтед ќе обезбеди пласман во Лигата на шампиони, или не, јасно е дека на лето ќе има големи промени на „Олд Трафорд“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Солскјер доби идврзани раце да формира тим по своја мерка, па на неколку фудбалери од актуелниот тим сигурно ќе им ја отвори излезната врата.
Иако Ромелу Лукаку во последно време игра добро, познато е дека робусниот напаѓач не е мерак на Солскјер, па на крајот на сезоната би можел да ја промени средината.
Со коментар во јавноста се јави агентот на Лукаку, Федерико Пасторело кој ги подгреа шпекулациите за неговото евентуално заминување од клубот.
„Моментално е фокусиран на крајот на сезоната. Борбата за третото и четвртото место во Англија е многу тесна, па ќе видиме што ќе се случи на крајот на сезоната. Ова му е втора година овде и ќе му останат уште три до истекот на договорот. Ќе видиме, тој е некој кој сака да запознава различни култури, различни стилови на фудбал“, изјави Пасторело.
„Тој ја сака Италија. Како дете ја следел Серија А. Денес сите се сигурни дека Премиер лигата е најдобра во светот, но пред многу години најдобра беше Серија А и младите фудбалери сонуваа да играат таму“, додаде агентот на Лукаку.