Дома Македонски спорт 13. октомври 1993 година – Пред 28 години со победата во Крањ се роди македонската фудбалска репрезентација 🎥

13. октомври 1993 година – Пред 28 години со победата во Крањ се роди македонската фудбалска репрезентација 🎥

Денес македонскиот фудбал слави 28 години од првиот меѓународен натпревар.

Првиот натпревар Македонија го одигра две години по независноста, на 13 октовмри 1993 година во Крањ против Словенија и тоа беше фантастичен почеток со оглед на тоа дека славевме победа од 1:4.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На тој натпревар за Македонија настапија: Зоран Мицевски, Кире Грозданов, Зоран Јовановски, Драги Канатларовски, Чедомир Јаневски, Илија Најдоски, Зоран Бошковски, Љупочо Марковски, Дарко Панчев, Бобан Бабунски, Тони Мицевски – тоа беше стартниот тим, а од клупата шанса добија: Неџмедин Мемеди, Горан Георгивски, Ванчо Мицевски и Сашо Милошевски.

Од клупата беа предводени од Андон Дончевски.

Македонија отвори многу брзо, во третата минута преку Бошковски, потоа најпознатиот во тимот Дарко Панчев зголеми на 0:2, Јаневски погоди за 1:3, а конечните 1:4 ги постави Драган Канатларовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…