Eнтони Џошуа после вчерашниот пораз од Олександер Усик остана без четирите шампионски појаси во тешка категорија. Усик славеше после 12 рунди на поени.
Меѓутоа и покрај поразот сметката на Британецот се наполни повеќе од онаа на Украинецот. Усик во споредба со Џошуа од борбата заработи три пати помалку.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По поразот Џошуа ќе инкасира 15 милион фунти. Десет ги добива од основниот хорнорар плус пет од бонусот „пеј пер вју“. Украинецот од друга страна ќе добие скоро пет милиони евра. Три се од бонусот од ППВ, а само два од основниот хорнорар.
Сепак, јасно е дека веќе во следната борба која можеби повторно ќе му биде против Џошуа неговиот хорнорар ќе биде значително поголем.