Дома Останати Џошуа во драматична борба од 12 рунди го победи Френклин🎥

Џошуа во драматична борба од 12 рунди го победи Френклин🎥

Британскиот боксер Ентони Џошуа го победи Џермејн Френклин со едногласна одлука на судии по 12 рунди луда борба, во меч кој се одржа во О2 Арената во Лондон.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


 За Џошуа ова беше 25-та победа во 28. натпревар во кариерата, а во оваа борба влезе после два порази во низа од Усик.

Џошуа максимално ја користеше својата висина и со прецизини директи го отвараше гардот на противникот.

Во самиот финиш на мечот за малку ќе дојдеше до тепачка во рингот меѓу Џошуа и луѓето од тимот на американскиот боксер. На тренерот на Френклин не му се допадна еден потег на Британецот, па се нафрли врз него. За среќа, пред да дојде до посериозна пресметка, успеаја да ги раздвојат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…