Дома Фудбал Останато Џон Тери откри кој играч го најмногу го разочарал: Изгледаше чудесно, но не беше спремен за професионален фудбал

Џон Тери откри кој играч го најмногу го разочарал: Изгледаше чудесно, но не беше спремен за професионален фудбал

Џон Тери овие денови е активен во медиумите, а сега откри кој е најдобриот играч со кој играл, а кој не направил голема кариера.

Тери во Челзи помина 19 години и играше со голем број фудбалери. За Роб Волстон верувал дека ќе направи голема кариера, сепак тоа не се случило.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


„Роб Волстон е најдобриот играч во кариерата со кој играв, а кој не направи голема кариера. Беше крилен играч со неверојатни можности. Изгледаше чудесно на тренинзите. За жал не беше спремен за голема кариера. Доби прилика во првиот тим уште на 17-18 години, требаше да дебитира во еден куп натпревар, но го побара тренерот и му кажа дека е болен. Сите во таква ситуација не би се откажале и би играле и да е крај на свтот, никој не сака да пропушти таква прилика. Тој тоа го направи 2-3 пати. Не беше спремен да влезе во професионалниот фудбал“, објасни Тери.

Волстон дебтираше во 1999 година кога во игра влезе место Роберто Ди Матео во испаѓањето од Лига Купот од Хадерсфилд. Два месеци подоцна дебитираше во Премиер лигата против Сандерленд.

Подоцна беше позајмуван во Нотингем Форест, Портсмунт, Нортамптон и Бристол. Од 2006 година играше за аматерски клубови, а кариерата ја заврши на 34 години. Одигра вкупно 337 натпревари и постигна 30 голови, во првите осум години постигна само еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Англија ја победи Србија, но не прикажа шампионска игра 🎥

Репрезентацијата на Англија ја победи Србија во последниот натпревар од денешната програма…