Дома Фудбал Останато Џерард станува селектор?

Џерард станува селектор?

Репрезентацијата на Полска беше една од оние што останаа без селектор по завршувањето на Светското првенство, а сега со клупата на оваа репрезентација се поврзува Стивен Џерард.

Чеслав Михниечевич не доби продолжување на договорот иако стигна до нокаут-фазата. Тој беше критикуван за премногу дефанзивната тактика со која игра и поради која до израз не може да дојде голгетер како Левандовски.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Од друга страна Џерард е без ангажман откако доби отказ во Астон Вила во октомври.

Информациите се дека Полјаците веќе ги оствариле првите контакти. Се очекува да има нова средба на која ќе се види колку Џерард е блиску да стане селектор на Полска.

Ако се оди во добра насока Џерард би можел да биде промовиран во нов селектор на Полска до крајот на месецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Селекторот на футсал репрезентацијата на Македонија сакаше да се тепа со судија! (Видео)

Вечерва се случи скандал во македонското футсал првенство кој тренерот на Форца, но и селе…