Дома Трансфер зона Џеко навива за Милан, но е блиску до трансфер во Интер!

Џеко навива за Милан, но е блиску до трансфер во Интер!

Eдин Џеко според информациите на италијанските медиуми се наоѓа на чекор од трансфер во Интер.

Рома и Интер ќе започнат нови преговори после завршувањето на сезоната, а „Газета дело Спорт“ тврди дека тие разговори се само формалност и дека Џеко ќе го засили Интер.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ако овие најави се остварат и трансферот се реализира ќе биде интересно да се види како навивачите на „Џузепе Меаца“ ќе го дочекаат Џеко кој е навивач на нивниот градски ривал, Милан.

Често пати во медиумите Џеко не ја криеше неговата љубов кон Милан, а за тоа доволно зборува неговата изјава од 2009 година.

 

„Од детството сум фасциниран од тој клуб. Не знам зошто, но за мене Милан секогаш беше поим за фудбалскиот врв. Сонот за да играм за Милан не е остварен, но јас ќе продолжам да сонувам“, порача тогаш Џеко.

Џеко и беше блиску до трансфер во Милан, меѓутоа сепак проблем му направил тогашниот негов клуб, Волфсбург со кој во таа сезона ја освои шампионската титула во Германија.

„Сакав да преминам во Милан, имам 23 години и ја добив понудата за кој сонував. Мислам дека бев чесен со тоа што кажав дека сакам да одам таму, но тренерот Армин Вех не ми дозволи да замине“, зборуваше Џеко после освоената титулата со Волфсбург во Бундес лигата во 2009 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Една од легендите го напушта Реал Мадрид

Репрезентативецот на Шпанија, Хозе Луис Фернандес Иглесијас или познат како Начо на крајот…