Дома Трансфер зона Џеко му кажа ДА на Интер

Џеко му кажа ДА на Интер

Италијанските медиуми пренесуваат дека Един Џеко на лето готово сигурно ќе ја напушти Рома, но најверојатно ќе остане во Италија.

Босанскиот голгетер нема да потпише нов договор со „волчицата“, па ова е последна можност Рома да заработи од неговата продажба.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џеко имаше понуда од Вест Хем, но „Газета дело Спорт“ пренесува дека ја одбил таа понуда и веќе му кажал „да“ на милански Интер.

Весникот тврди дека Џеко веќе се договорил со Интер, каде годишно ќе заработува околу 4 милиони евра по сезона и ги известил челниците на Рома дека негова желба е да се пресели на „Џузепе Меаца“.

Наводно двата италијански клуба веќе започнале преговори, но проблем ќе биде обештетувањето. Рома бара 15 милиони евра, но Интер не е спремен да плати толкава сума за играч кој веќе има 33 години.

„Нероаѕурите“ се спремни да платат 10 милиони евра плус 2 милиони како бонуси, а медиумите на Апенините се оптимисти дека Рома ќе ја прифати таа понуда и дека трансферот ќе се реализира.

„Газета дело Спорт“ напоменува дека Џеко сигурно ќе се пресели во Интер без разлика на иднината на Икарди. Доколку Аргентинецот биде продаде, тогаш „нероаѕурите“ ќе купат уште еден напаѓач, а силен интерес покажуваат кон ѕвездата на Лил, Николас Пепе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Абердин ја одредил цената за Миовски

Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен з…