Наредната година ќе биде завршен филмот за Златан Ибрахимовиќ.
Филмот е основан на биографијата на шведскиот напаѓач „Јас сум Златан“ и фановите ширум светот со нетрпение го исчекуваат. Во филмот ќе биде претставена кариерата, но и животот на одличниот голгетер кој денес игра во Милан.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Животот на 39 годишниот фудбалер ќе биде прикажан во сценарио на Јаков Бекман и Дејвид Легернатз, а во режија на Јенс Сјогрен.
Интересно е што Златан во филмот ќе биде прикажан како дете и како некој кој веќе созреал. Помеѓу останатите чест да глумат во него добија Домник Бајрактери Андерсон кој ќе го глуми Ибра од 11 до 13 години и Гранит Рушити кој ќе „биде“ Златан во периодот од 17 до 23 години.