Кристиано Роналдо ќе мора да се стрпи и да па почека уште некоја недела пред да се врати фудбалот во Италија.
Роналдо е познат како вистински перфекциониста, голема важност дава на физичката спремност и максмимално води сметка за своето тело и поради тоа иако има 35 години изгледа многу помладо.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Колку на португалскиот ас му се важни тренинзите и продолжувањето од сезоната да го дочека што повеќе спремен покажува вчерашната ситуација од тренинг кампот на Јувентус.
Маурицио Сари закажал тренинг во 17:00 часот, а Роналдо верувале или не таму бил четири часа порано. Вратата на тренинг центарот за неговото возило се отворила во 12:52 пишува „Кориере дело Спорт“.
Роналдо самојстојно тренирал неколку часа, а потоа следел и заедничкиот тренинг со соиграчите.
Инаку, после скоро три месеци Јувентус првиот натпревар ќе го игра на 13. јуни и тоа во реванш натпреварот од полуфиналето во купот на Италија.
Претходно Италијанците пишуваа и дека докторите во Јувентус биле зачудени од физичката спремност на Роналдо, тој бил подобро спремен отколку пред сезоната да се прекине во март (повеќе за ова тука).