Дома Трансфер зона Ќе го продаде ли Наполи Кварацхелија за 82 милиони евра?

Ќе го продаде ли Наполи Кварацхелија за 82 милиони евра?

Според последните информации дел од англиските и италијанските медиуми, тимот на Њукасл е спремен да плати 82 милиони евра за Квича Кварацхелија.

Њукасл во новата сезона ќе игра во Лигата на шампионите и сака сериозни засилувања, токму затоа веќе го доведоа Сандро Тонали од Милан, а сега го сакаат и одличниот Грузиец.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кварацхелија во Неапол заработува 1.2 милиони евра по сезона, но се шпекулира дека Наполи сака да му понуди договор вреден три милиони евра по сезона за да остане во клубот. Во редовите на Наполи, Кварцахелија пристигна од Динамо Букурешт за 11.5 милиони евра.

Во изминатата сезона, Кварацхелија покрај, Виктор Осимен беше најважниот играч во освојувањето на Скудетото на кое тимот во кој игра и нашиот Елиф Елмас чекаше 33 години.

Њукасл досега во овој преоден рок за Тонали плати 64 милиони евра и за Јанкуб Минтех од Оденсе осум милиони евра, но тој веднаш беше испратен на позајмица во Фејенорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Рабио се сели во Премиер лигата

Манчестер Јунајтед и Њукасл покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Јувентус и фра…