Реал Мадрид вчера беше елиминиран во полуфиналето од Лигата на шампионите откако беа поразени на „Стенфорд Бриџ“ од Челзи со 2:0.
Челзи одигра уште еден од одличен натпревар и заслужено дојде до победата и пласманот во финалето. „Сините“ вчера славеа со 2:0 и со вкупни 3:1 се пласираа во следната фаза.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За Реал Мадрид така заврши патот во Лигата на шампионите за оваа сезона, но со оглед колку таа беше турбулентна за нив можеби треба да бидат и задоволни што стигнаа до полуфиналето.
Азар токму од Челзи дојде во Реал Мадрид пред две години за 100 милиони евра, но не ги оправда очекувањата бидејќи имаше проблеми со повредите. Навивачите на „кралевите“ беа бесни затоа што Азар после вчерашната елиминација се смееше со неговите поранешни соиграчи од Челзи.
Таквиот однос на фановите не им се допадна и порачаа клубот што побрзо да го продаде. Азар вчера одигра 89 минути против Челзи, а статистиката од натпреварот покажува дека не „статирал“ само на теренот.
Многумина сигурно се изненадени што Азар е играчот кој претрчал најмногу од екипата на Реал.
Eden Hazard covered more distance than any other Real Madrid player. pic.twitter.com/DumbKLsquN
— SPORTbible (@sportbible) May 6, 2021