Дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити не е во плановите на Чави, но до сега ги одби сите понуди од заинтересирани клубови.
Од Камп Ноу не сметаат повеќе на дефанзивецот и му порачаа да си најде нов клуб, но тој ги одбива сите понуди.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Умтити добива висока плата во Барселона и не е спремен да се пресели во друг клуб кој нема да му ја гарантира истата плата.
Сега спасот за Барселона може да дојде од Њукасл, кој е силно заинтересиран за Французинот, а нема проблем да ги задоволи неговите финансиски барања.
Според англиските медиуми Њукасл е спремен да понуди 15 милиони за неговиот потпис и да му гарантира плата од 10 милиони евра по сезона.
28-годишниот Французин наводно бил спремен да ја прифати оваа понуда, иако Њукасл не е клуб со високи амбиции.