Eкипата на Њукасл испратила понуда до Интер за Марсело Брозовиќ, пишува „Газета дело Спорт“.
Ова не е првпат англискиот клуб да покаже интерес за Брозовиќ, а сега испратил финансиски одлична понуда, меѓутоа според информациите Брозовиќ нема намера да ја прифати. Договорот со Интер на играчот за врска му истекува на крајот од сезоната, но него цел му е да остане во клубот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Засега не успеал да се договори за продолжување на соработката сепак, тоа не значи дека нема да се случи во блиска иднина.
Најголем проблем за Интер претставува платата на Брозовиќ од шест милиони евра годишно.